ПРЕКРАСНИ СЦЕНИ: Вардар за 65-годишниот јубилеј со признание за своите легенди (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На натпреварот против Алкалоид кој во моментов се игра во СЦ „Јане Сандански“ од Суперлигата на Македонија, РК Вардар го одбележува својот 65-годишен јубилеј.

Па, токму на роденденското одбележување и прекрасни сцени пред натпреварот. „Црвено-црните“ оддадоа почит на сите оние кои низ изминатите 65 години го носеле дресот на Вардар…

Пред почетокот на дуелот, заедно со актуелните вардарови ракометари, пред навивачите во „Јане Сандански“ се појавија и вардаровите легенди кои изминатите 65 години, секој во својот период, го носеле црвено-црниот дрес, Миодраг Мицковиќ, Владимир Шахов, Александар Књазев, Зоран Петковски, Александар Царчев, Стојан Петрушевски, Кирил Атанасовски, Тони Николовски, Емил Стојановски, Љубомир Илиевски, Сречко Ѓоргиевски, Зоран Гиевски, Аце Станковски…

 

Се вчитува...