Премиерот Ковачевски ги испрати фудбалерите: Премија од 500 илјади евра за победа над Португалија

Македонската фудбалска репрезентација полета за Порто каде во вторник ќе го одигра финалниот натпревар од ждрепката за пласман на Светското првенство во Катар против фаворизираната Португалија.

„Црвено-жолтите“ на патувањето ги испрати Премиерот Димитар Ковачевски и им вети премија од 500 илјади евра за победа над Португалците и пласман на Мундијалот во Катар.

„Шампиони, вие сте за нас секако победници и гордост на сите нас. Веруваме во вас, и затоа сакам да ви посакам успех на натпреварот со Португалија, а ние како Влада најмалку што може да направиме е да издвоиме за вас награда од 500.000 евра ако се пласирате на Светско првенство“, изјави Ковачевски.

 

Се вчитува...