Преодниот рок во македонскиот фудбал почнува на 15. јуни и ќе трае до 31. август

Од Фудбалската федерација на Македонија, по прекинот на сезоната 2019/2020, информираат дека преодниот рок за следната натпреварувачка сезона ќе стартува на 15. јуни.

„Согласно одлуката на Управниот одбор за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите категории, вклучително и Првата македонска фудбалска лига, летниот преоден рок почнува на 15. јуни и ќе трае до 31. август 2020 година“ – информираат од ФФМ.

По предвремениот прекин на сезоната поради пандемијата на коронавирусот, стартот на новата сезона е предвиден за почетокот на месец август, секако повторно се во зависност и од препораките на здравствените институции во државата.

Се вчитува...