Преодниот рок завршува со „трампа“ меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона

На крајот на преодниот рок шпанските медиуми очекуваат трампа помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона во кои се вклучени непосакуваните бекови, Арон ван Бисака и Сергињо Дест. Англичанецот и Холанѓанецот не се плановите на Ерик тен Хаг и Чави и до 1. септември се очекува ќе ја напуштат средината, и нема да биде изненадување доколку дојде до овој вид на размена на играчи.

Ван Бисака пристигна во Манчестер Јунајтед како огромно засилување за 55 милиони евра, но никогаш не ги исполни очекувањата. Неговата минутажа падна под водство на Рафл Рангник, а оваа сезона настапи на само еден натпревар.

Сличен е и случајот со Дест кој во 2020 година ја засили Барселона од Ајакс за 21 милион евра во ерата на Роналд Куман. Тој оваа сезона сеуште го чека првиот настап за каталонците, а голема е веројатноста дека нема да го дочека.

Се вчитува...