Препорака на Нејмар – Барселона носи уште еден Бразилец

Бразилскиот фудбалер, Лукаш Лима, од први јули ќе биде играч на Барселона, јавуваат бразилските медиуми. Каталонскиот гигант ова лето се поврзува со неколку фудбалски имиња, иако засега, се уште не е договорен ниеден голем трансфер.

Но, Бразилците најавуваат сигурен трансфер на 25-годишниот фудбалер и тоа по лична препорака на Нејмар. Тој добро ги познава квалитетите на Лима кој настапува за неговиот поранешен клуб Сантош и за бразилската репрезентација. Се работи за офанзивен играч од средниот ред кој има договор со бразилскиот клуб до крајот на 2017, па веќе од 1 јуни може да потпише за Барселона, а во каталонскиот клуб би стигнал во јануари наредната година.

Нејмар посебно се заложил Лима да го облече дресот на Барселона бидејќи неговиот татко му е менаџер на Бразилецот. Според најавите, Лукас Лима со Барселона ќе потпише договор до 2022 година.

Се вчитува...