Препораки на ФИФПРО до фудбалерите и клубовите за состојбата со коронавирусот

1.Да не се користи исто (заедничко) шише со вода за време на натпревар или тренинг. Секогаш користете го вашето шише со вода и не разменувајте го со други, исто така заеднички да не се користат и други работи, како крпи и бањарки со други играчи.

2.Избегнувајте консумирање на храна во соблекувалната.

3.Чувајте ги личните работи и облеката во вашата торба и избегнувајте да ги оставате изложени во соблекувалните или во комуналните корпи.

4.Веднаш фрлете ги марамчиња или друг користен материјал како што се лепенки и завои во соодветни корпи кои можат да се заклучат.

5.Мијте ги рацете што е можно почесто и што е можно подолго. Миењето на рацете и дезинфекцијата се клучни за спречување на ширење на инфекции. Мијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди, а потоа избришете ги со крпа или хартија за еднократна употреба. Ако сапун и вода не се достапни, можете исто така да користите средство за дезинфекција за раце со 60% алкохол.

6.Кога користите јавни тоалети не треба да ја допирате чешмата со голи раце пред и по миењето на рацете, туку користете крпа или хартија за еднократна употреба за да ја отворите и затворите чешмата.

7.Не ги допирајте очите, носот или устата со неизмиени раце.

8.Покријте ја устата и носот со марамче – по можност марамче за еднократна употреба – ако имате потреба од кашлање или кивање.

9.Играчите кои покажуваат очигледни симптоми на респираторна инфекција и / или температура, пред, за време или после тренингот, мораат веднаш да го напуштат остатокот од тимот – и да се изолираат доколку е можно – и да го известат лекарскиот тим во клубот, кој ќе преземе понатамошни чекори доколку има индикации.

10.Информирајте ги играчите на тимот и службените лица од клубот дали имало личен контакт,самите вие лично или некој член од семејството, со луѓе кои се вратиле од области со ризик или карантин, или биле во карантин, или пак тестот бил позитивен, или ако вие сте биле во ризична зона.

11.Клубовите треба да инсталираат автоматски диспанзери со соодветни раствори за дезинфекција и средства за чистење во соблекувалните и во тоалетите на клубот.

12.Клубот мора да гарантира дека масите, клупите, столчињата, закачалките, подовите, славините, рачките, тушевите и тоалетите редовно ќе се дезинфицираат со средства за дезинфекција засновани на белило или хлор, растворувачи, 75% етанол, оцетна киселина и хлороформ.

13.Клубот да се погрижи да го ограничи присуството на луѓе во соблекувалната на неколку назначени овластени лица со цел да се ограничи колку што е можно присуството на лица.

14.Лигата и клубовите треба да го ограничат пристапот до теренот за игра што е можно повеќе, и да биде сведен само на оние лица кои се строго неопходни за да го спроведат тренингот или натпреварот.

15.Клупските лекари на професионалните тимови мора да посветат особено внимание на медицинската историја, објективно испитување и, пред се, мерење на температура пред секоја тренинг и натпревар за целиот тим на тимот, техничарите и играчите. Лекарите на тимот мораат да обезбедат и документираат пред секој натпревар и тренинг сесија дека ниту еден болен не учествува на натпревар или тренинг или пак е во близина на тимот.

16.Клубовите мора однапред да ги проверат хигиенските услови во сите соблекувални, вклучувајќи ја и соблекувалната на домаќинот, судиите, како и просторијата за допинг-тестови.

17.Здравствените службеници во клубовите мораат активно да учествуваат во организирањето на патувањето со проверка на најдобрите логистички аспекти и предвидување на можни заштитни уреди за превентивни цели, а исто така мора да го обезбедат и нивното присуство за време на патувањето.

18.Клубовите мора да е осигураат дека здравствениот и медицинскиот персонал, лекарите и масерите кои се во постојан контакт со играчите не работат истовремено или вршат активности во средина од кои може да бидат заразни.

19.Се препорачува да се избегне присуство на медиуми во соблекувалните во просториите за време на мечот или тренингот.

Се вчитува...