Финалето на Интерконтиненталниот куп, за титулата клупски светски шампион, ќе се игра на стадионот „Лусаил“ во Доха, а пласман во мечот за трофејот директно обезбеди европскиот шампион Реал Мадрид.
Форматот на претходното Светско клупско првенство е променет, па одлучено е Реал Мадрид да го игра финалето, додека цела планета ќе се бори за второто место во финалето.
Натпреварувањето ќе започне на 22 септември, кога ќе се сретнат азискиот и австралискиот шампион Ал Аин и Окленд Сити. Победникот од тој дуел на 29 октомври во Каиро ќе игра против египетскиот Ал Ахли, најдобрата селекција во Африка. Потоа, на 11 декември мексиканската Пачука ќе игра против победникот од Копа Либертадорес што е во тек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА