ПРЕСИНГ Антиќ и Панчев: За „тастатура стручњаците“ – еве ви ја топката, да ве видиме…

ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!

=====================================================

Перо Антиќ е гостин во најновата епизода на „Пресинг“, два часа во кои најдобриот македонски кошаркар на сите времиња говореше за најразлични теми.

Тој се осврна и на огромните критики што спортистите ги добиваат, најчесто преку социјалните мрежи, по секој послаб меч или пораз на репрезентациите или клубовите.

„За Македонија кога игра… ние сме Македонци и како сега, кога игра Македонија, јас сум одел и фудбал сум гледал, и се губело, ќе станам…. аплауз, мерак, јас сум таму за Македонија поддршка да дадам. Ајде, еве ви топка… ајде да ве видиме… затоа што многу ги има стручњаци на тастатура, и социјалните мрежи многу им дозволија на сите да подбуцнуваат, да доливаат бензин во оганот и да создаваат негативна приказна и атмосфера“, истакна Антиќ.

На темата имаше што да каже и најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Дарко Панчев…

„Таа слобода што се даде на луѓето преку социјалните мрежи, тоа е катастрофа за едно општество. Кога може преку социјалните мрежи секоја „будала“ да пише што сака, да лаже што сака и да не одговара, каде го има тоа“, додаде Панчев.

 

 

Целиот разговор со најдобриот македонски кошаркар на сите времиња може да го проследите овде…

Се вчитува...