НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – Со легендата на Вардар и македонскиот фудбал, членот на шампионската вардарова генерација од 2002 година, поранешен македонски репрезентативец, а во моментов еден од најпознатите македонски фудбалски агенти.
За сите случувања на актуелното Светско првенство 2026… Дали африканскиот и азискиот фудбал веќе сериозно ја намалува разликата со европскиот и јужноамериканскиот?? Крајно емотивно за Вардар, директно за мак-фудбалот и што може да очекуваме во иднина од него.
РАЗГОВОРИ ЗА…
- Досегашните натпревари на Светското првенство 2026… Дали фаворитите ги оправдаа очекувањата?
- Дали африканскиот и азискиот фудбал веќе сериозно ја намалува разликата со европскиот и јужноамериканскиот??
- Елиминациите на Германија и Холандија отворено го најавуваат падот на европскиот фудбал?
- За типот на селектори кои ги водат националните тимови – Биелса, Нагелсман.., па се до Анчелоти.
- За настапите на Хрватска и на БиХ…?
- Каде е Македонија на картата на светскиот фудбал… Колку сме блиску или далеку од пласман на Мундијал?
- Во својата богата интернационална кариера настапуваше и во Катар за Ал Ахли и тоа во период кога голем број европски ѕвезди почнаа со преселбата во арапските земји…
- Во Ал Ахли играше заедно со Пеп Гвардиола… Каков е како личност, надвор од теренот, Гвардиола?
- Колку е поврзан со Вардар каде играше од своја осма година, па минувајќи ги сите генерации и до првиот тим со кого во 2002 дојде до шампионската титула!?
- За Вардар секогаш тука кога му е најлошо
- Како еден од најистакнатите домашни фудбалски агенти, застапник на голем број и македонски репрезентативци, колку е тешко фудбалер од македонската лига да реализира трансфер во европски клуб?
- Дали може да очекуваме Македонија во иднина да заигра на Светско првенство?
ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ МОЖЕ ДА ГИ ГЛЕДАТЕ ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
