„ПРЕСИНГ“ со ГЕЧЕВСКИ и МЕРЏАНОВСКИ: Емотивно потсетување на најславните денови на мак-кошарката, за Литванија, за Антиќ, за Докузовски и Мекејлеб, за Работнички и за МЗТ…. (ВИДЕО)

ДВАЕСЕТТА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – Со легендарните членови на тимот кој го оствари најголемиот успех на мак-кошарката, секој на свој начин – ИЛИЈА МЕРЏАНОВСКИ и ТОДОР ГЕЧЕВСКИ.

ЗА СЕ ПОВРЗАНО СО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА…. За златните години на македонската кошарка и ривалитетот меѓу Работнички и МЗТ Скопје…, за легендарната генерација која дојде до 4. место на ЕП 2011 во Литванија, за Перо Антиќ, за Бо Мекејлеб и Докузовски…, но и за сите актуелни аномалии во македонската кошарка!

РАЗГОВОРИ ЗА…

  • За тоа каде се сега откако, на некој начин, не се директно вклучени во македонската кошарка
  • Илија Мерџановски дел од раководството на Кошаркарската федерација…, но и дел од управата на КК Работнички во најславните негови години
  • За блескавата кариера на Тоше Гечевски, како и да се биде дел и во двата најголеми ривали…, но и за славните денови во КК Задар
  • Како Гечевски, од член на првата генерација на МЗТ со шампионска титула, дојде до трансфер во редовите на најлутиот ривал, Работнички?
  • Колку беше тешко за Илија Мерџановски, како директор на КФМ, да се убедуваат и собираат сите оние наши интернационалци за настап во националниот тим?
  • Дали е вистина дека тогашниот селектор Марин Докузовски во прв момент не бил нешто импресиониран од Лестер Бо Мекејлеб?
  • Како Мерџановски и Ѓорѓе Војновиќ го ‘убедувале’ Перо Антиќ во Атина да дојде во Македонија?
  • Зошто не успеавме да дојдеме до остварување на сонот – пласман на Летни олимписки игри?
  • Како да се врати македонската кошарка на старите патеки? Повеќе од една деценија сме без настап на ЕП, нашите клубови се далеку и од најсилната АБА лига…, интересот за домашната кошарка се помал!?

=============================================

Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди =============================================

ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“….

Се вчитува...