ПРЕСИНГ: „Ваучерите од државата не треба да служат за купување странци, туку за инвестиција во младите!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, повторно тема е ракометот, наши гости се претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и легендата на овој спорт во Македонија, Филип Миркуловски.

Првиот човек на федерацијата, Александар Стефанов, меѓу бројните теми, се осврна и на финансирањето од државата преку ваучерите, кое, за жал, клубовите го гледаат како единствен спас за преживување. Но, факт е дека ваучерите треба да служат, како што вели Стефанов, за инвестиција во младите наши категории, за инвестиција за подобрување на условите за тренинг и едукација, а не за купување странци!

„Она што треба да го направат сите клубови и сите вљубеници во ракометот, барем на младите им обезбедат основни услови за да можат да дојдат да тренираат и да играат. Тоа е најважно. Мора да признаеме дека за разлика од минатото, сега времето се промени, и за тоа мора да бидеме свесни. Сега родителите, што е и нормално, се однесуваат позаштитнички кон децата, сега колку е тоа оправдано или не, во таа насока оди светот па ние како клубови треба да им ги обезбедиме основните услови на децата за да дојдат да тренираат“ – вели Стефанов и дополнува:

„А, што е тоа основно? Па, треба салата да има светло, треба да има некое си греење, треба да има топки, треба да има дресови и опрема, да се организира некој камп, да имаме мини ракомет каде што ќе можат децата да сакаат тоа да спортуваат… Токму за тоа служи ваучерот, не за опстојување на клубот, туку за инвестирање во младинските категории, како што вели Миркуловски. Тој ваучер служи баш буквално за да се обезбедат тие услови на тие деца. Ако ние земаме ваучер од државата за да купиме, не знам еден странец, а немаме основни услови за играње и тренинг на клубот, тогаш не сме направиле нешто“.

======================================================

ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ

==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ И СО ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….

Се вчитува...