Пресврт: Атлетико Мадрид го пушта Алварез, за возврат добива екстра напаѓач!

Долго време се зборува за трансфер на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид во Барселона. Меѓутоа пред неколку дена челниците на Атлетико изјавија дека нема да го пуштат Аргентинецот ниту за 200 милиони евра, иако самиот напаѓач инсистира да се пресели на „Ноу Камп“.

Но, во последен момент се појавува и Арсенал како заинтересиран за аргентинскиот голгетер. Наводно во Атлетико стигнала официјална понуда од Лондон, и челниците наводно се одлучиле да ја прифатат.

Арсенал нуди 50 милиони евра за аргентинскиот напаѓач, но би го вклучил и Виктор Ѓокереш во целиот трансфер. Работата не е завршена, но се шпекулира дека Атлетико сериозно размислува да го ангажира.

Алварез засега одбива да замине во Арсенал, и инстистира само за Барселона, па прашање е како ќе заврши оваа трансфер сага.

Се вчитува...