Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во големото финале на фјучерсот во Рим со триумф од 2-1 над хрватска тениерска Петра Марчинко во меч кој траеше час и пол.
Првиот сет и припадна на хрватската тенисерка која благодарние на лошата завршница на Ѓорческа славеше со 7-5, но продолжението од мечот беше во потполн знак на Македонката. Лина ги доби вториот и третиот сет со 6-2 со што се пласираше во големото финале.
Битка за титула Македонката ќе води со Русинката Оксана Селехметева која пак во својот полуфинален меч славеше со убедливи 6-0 и 6-2 над Леа Бошковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА