Пресврт: Тројца Грци биле пресудни за организацијата на хаосот во Атина

Досега се уапсени 104 личности поврзани со хаосот во Атина пред европскиот натпревар меѓу АЕК и Динамо Загреб, од кои 97 хрватски државјани.

Сите хрватски навивачи се обвинети за четири кривични дела и седум прекршочни, а на терет им се стави и убиство, со што би можеле да добијат и доживотен затвор.

Сепак, во грчката јавност сега се најдоа и тројца уапсени Грци за кои се тврди дека имале пресудна улога во организацијата на нередте кои довеле до убиството на 29-годишниот навивач на АЕК.

„Таа тројка Грци го водеше хрватскиот конвој до стадионот на АЕК, и им ги покажуваше сите пристапни патишта како што помалку би биле забележани за да дојдат до теренот на жолто-црните навивачи на АЕК“ – јавуваат извори од обвинителството за грчките медиуми.

Станува збор за 26-годишник и 27-годишник од Маруси како и 22-годишник со албанско потекло. Во форензичките лаборатории се анализира дрвена плоча со должина од 120 и ширина од 10 сантиметри која на себе имала клинци, а на кои се пронајдени траги од крв од непознати лица. Се истражуваат и телефонските разговори на тројката Грци за да се дознае како дошло до организираното доаѓање на хрватските навивачи во Атина а потоа и до самиот стадион на АЕК.

Се вчитува...