Барселона требаше да биде следната дестинација за португалскиот репрезентативец Бернардо Силва. Веќе неколку месеци се највуваше овој трансфер, а беше блиску до реализација откако Манчестер Сити објави дека нема да го продолжи договорот со играчот од средниот ред.
Сега се случува пресврт во последен миг, откако Силва одлучи да го стопира трансферот, односно одлучи да прави трансфер дури по завршувањето на Светско првенство.
Многу работи ќе зависат и од самиот настап на Мундијалот, па Силва на крајот би можел да заврши во друг клуб. За него има интерес и од клубот од Саудиска Арабија, кои може да го расипат трансферот во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
