Пресврт во последен момент – Симона Халеп сепак ќе игра на УС опен

Иако со месеци наназад изјавуваше дека нема да игра на УС опен, Симона Халеп во последен момент го промени своето мислење. Втората тенисерка на светот одлучи сепак да се пријави на само неколку часа до истекот на рокот. Тоа и понатаму не значи дека Романката ќе биде дел од американскиот грен-слем, но доколку одлучи ќе има право на настап.

Дефинититвната одлука околу нејзиниот настап ќе биде донесена пред самиот почеток на турнирот кој е закажан за 31. август.

 

Се вчитува...