Претседателката на Мексико: Со широки раце ќе ги пречекаме Иранците во нашата држава

Во последните месеци, една од главните теми беше учеството на Иран на Светското првенство, односно проблемот со доаѓањето на репрезентацијата на земјата во САД.

Иран е во војна со Израел и САД, кои се една од трите земји домаќини на претстојното Светско првенство, но очигледно е дека Мексико и Канада немаат проблем да бидат домаќини на фудбалери од оваа земја.

Сепак, Иран ќе игра натпревари од групната фаза во САД, но базата на репрезентацијата ќе биде во Тихуана, град на границата со САД, кој е јужно од Сан Диего.

Промената претходно ја објави Фудбалската асоцијација на Иран, а потоа ФИФА официјално ја потврди. „Зелено светло“ даде и претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум.

„Соединетите Американски Држави не сакаат иранската репрезентација да преноќи во САД. Нè прашаа дали можат да останат во Мексико и ние одговоривме дека немаме проблем со тоа“, објасни Шајнбаум.

Се вчитува...