Претседателот Димевски поднесе извештај за организацијата на Европските младински игри во 2025 година

Претседателот на МОК, Даниел Димевски, до генералното собрание на Европските олимписки комитети поднесе извештај за досегашниот прогрес во однос на тековната организација на Европските младински Олимписки игри Скопје 2025.

Со голема поддршка од страна на Европскиот олимписки комитет и од страна на сите Национални олимписки комитети, извештајот за овој амбициозен проект беше оценет како исклучително успешен.

МОК, во партнерство со македонската влада и градот Скопје, како и во партнерство со националаните спортски федерации и приватниот сектор ќе ги организира Европските младински Олимписки игри Скопје 2025, кои ќе се одржат во периодот 19-26 Јули 2025 година, а најдобрите млади македонски спортисти ќе учествуваат во сите спортови кои се на програмата на овие игри.

Овие игри се најголем Олимписки мулти спортски настан во Македонија од нејзината независност.

Се вчитува...