Претседателот на Анкарагучу доби доживотна суспензија од фудбалот

Претседателот на Анкарагучу, Фарук Коча доби доживотна суспензија од фудбалот по физичкиот напад на судијата Халил Умут Мелер по натпреварот на неговиот тим против Ризеспор во турскиот шампионат.

Коча веднап по скандалот се извини и најави оставка од претседателската позиција во Анкарагучу. Експресно реагираше и Фудбалскиот сојуз на Труција кој му изрече доживотно отстранување од фудбалската игра, без било каква можност за партиципација во фудбалот во иднина.

Дополнително, Анкарагучу ќе плати и парична казна од 60.000 евра, а исто така ќе мора да игра и пет натпревари на домашен терен без публика поради инцидентот.

Се вчитува...