Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на крајот од предсезонската турнеја на тимот од Минхен во Азија.
„Интернационализацијата не е нешто што еден клуб може да го постигне сам. Тоа е задача на која сите ние како Бундеслига мора да работиме заедно, а самата лига мора да игра многу поактивна улога.“
„Не можеме да очекуваме Баерн сам да го носи овој товар. Ни треба многу поголема поддршка од целата Бундеслига – не само од еден или два клуба, туку од целата лига“, коментираше Хајнер.
Од другите клубови во Германија, на турнеја се уште и Лајпциг и Борусија Дортмунд. Лајпциг оди на турнеја во Јужна Африка, додека тимот од Дортмунд во Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
