Претседателот на Европската џудо федерација на средба со Наумче Мојсоски (ФОТО)

Претседателот на Европската џудо федерација, Ласло Тот и потпретседателот Хрвоје Линди беа во посета на Агенцијата за млади и спорт по повод претстојниот Европски Јуниорски Куп, кој деновиве се одржува во Скопје.

На средбата се разговараше за идни проекти за унапредување и развој на џудо спортот во Македонија, и следење на трендовите во другите европски земји, во кои џудото станува дел од наставата по физичко образование. Стана збор за Олимписки солидарен фонд кој ја поддржува оваа програма за едукација на професорите по физичко воспитание за џудо, но вклучува и програма за едукација на тренери и стручни соработници.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски ги искажа своите ставови за чекорите за развој на џудото во европски рамки, не криејќи го задоволството од позитивните реакции во однос на организација на Европските јуниорски игри, од причина што истите се бодуваат на светската ранг листа, како и организацијата на тренинг кампот кој ќе следи по завршување на истите, а кој ќе биде во организација на нашата држава.

„Искрено се надевам дека успешната организација на претстојните игри ќе обезбеди позитивен импулс за организација на Европските младински игри планирани за 2025 година“, истакна Мојсовски.

Се вчитува...