Претседателот на Фенербахче потврди: Се договоривме со Ливаковиќ

Доминик Ливаковиќ ова лето заминува од Динамо Загреб, а се поголема е веројатноста дека неговиот следен клуб ќе биде Фенербахче. И покрај тоа што хрватскиот клуб ја одби првичната понуда за репрезентативниот голман, самиот 28-годишник не планира да го продолжи договорот и сака нов предизвик во кариерата.

Информацијата за трансфер ја потврди и газдата на турскиот клуб, Али Коча кој за турските медиуми вели дека се договорени сите детали со Хрватот. А, ако хрватскиот клуб застане на патот за трансфер погледот ќе биде насочен кон искусниот Полјак Војчех Шчесни.

„Вистина е дека се договоривме со Ливаковиќ и нема проблеми. Меѓутоа, ако наидеме на проблеми ќе тргнеме по потписот на Шчесни од Јувентус. Сигурно е дека ќе донесеме врвен голман“, изјави претседателот на клубот од Истанбул.

Се вчитува...