Претседателот на Горица: Аријан Адеми беше адут да го донесеме Ангеловски

Игор Ангеловски пред неколку дена беше назначен за нов тренер на хрватскиот прволигаш Горица. Тој го наследи Самир Топлак на клупата, а имаше деби со пораз од Вараждин.

Поранешниот македонски селектор речиси една година беше без работа, откако го напушти кормилото на македонската репрезентација. Беше поврзуван со неколку клубови, меѓу нив и гигантот Фенербахче, но на крајот остана без ангажман се до изминатиот викенд кога беше назначен за нов предводник на Горица.

Претседателот на клубот Ненад Чрнко кажа дека во одлуката му помогнал и капитенот на Динамо, Аријан Адеми кој кажал добри зборови за поранешниот селектор.

„Најмногу во одлуката ни помогна Аријан Адеми, капитенот на Динамо кој кажа се најдобро за македонскиот тренер. Нормално, имавме и дополнителни консултации. Тоа што направи со Македонија, а најважно направи добра атмосфера во соблекувалната, што нам ни треба, е голема работа. Им внесе самодовореба и тоа го очекуваме од него и тука“, рече Чрнко.

Се вчитува...