Претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски имаше средба со генералниот секретар на Медитеранскиот Олимписки Комитет, г-дин Јаковос Филипусис и генералниот директор на дваесетите Медитерански Игри, г-дин Карло Молфета.
На средбата која се одржа во рамки Медитеранските Игри Таранто, Димевски се заблагодари за гостопримството, целокупната организација, услови и начин на реализација на Игрите, на кои Македонија досега освои шест медали.
Воедно, г-дин Димевски им додели почесни плакети во знак на досегашната успешна соработка.
Дополнително, на средбата беа договорени и идните чекори за продлабочување на соработката, за кои благовремено ќе биде известена македонската јавност, во следниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
