Претседателот на ПСЖ заминал од „Камп Ноу“ мислејќи дека се пласирале во четвртфиналето на ЛШ!

Француски ПСЖ доживеа вистински дебакл на реванш пресметката од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона. По оние победнички 4-0 на домашен терен, парижаните загубија со 6-1 во Барселона доживувајќи елиминација.

Деновиве по дуелот се огласи и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи кој потенцираше дека не треба да се обвинува судијата за оваа бламажа затоа што самите си се виновни.

Сепак, малку кој знаеше дека претседателот на шампионот на Франција, всушност на денот на натпреварот си заминал од „Камп Ноу“ мислејќи дека неговиот ПСЖ е веќе во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Ал-Келаифи ја пропуштил драматичната завршница во Барселона, затоа што во 85. минута од средбата при резултат од 3-1 одлучил заради навремен лет да го напушти стадионот. Срдечно се поздравил со претседателот на Барселона и раководството на Каталонците и заминал среќен за пласманот во четвртфиналето…

3-1

Веднаш, веќе на пат кон аеродром дознал дека ПСЖ загубил со 6-1.

Се вчитува...