Претседателот на РФМ, Мукаетов ги пречека „златните момчиња“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Претседателот на ракометната федерација Живко Мукаетов, организираше дочек за кадетите кои го освоија ЕХФ шампионатот. Репрезентацијата на Македонија во финалето ја совлада Швајцарија со 24-22. Претходно репрезентацијата ги совладаа селекциите на Летонија, Турција и Косово во групата, а потоа и во полуфиналето го совладаа Луксембург.

Со освоеното прво место на шампионатот, Македонија директно се пласираше на младинското ЕП во 2024 година и кадетското СП 2023 година.

Мукаетов им честиташе за овој успех, и им посака уште многу успеси во иднина.

Се вчитува...