Претседателот на РФМ, Стефанов на Изборниот Конгрес на ЕХФ во Австрија (ФОТО)

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски, присуствуваат на годинашниот Изборен конгрес на Европската ракометна федерација (ЕХФ), кој се одржува во Андау, Австрија.

На Конгресот ќе биде избран новиот претседател на ЕХФ со нов четиригодишен мандат.

„Овој значаен настан претставува можност за размена на искуства, унапредување на меѓународната соработка и зацврстување на позицијата на македонскиот ракомет во европското семејство“ – информираат од Ракометната федерација на Македонија.

Се вчитува...