Претседателот на РФМ Живко Мукаетов го отвори Светското првенство до 20 години

Повторно во Скопје ќе се сретнат најдобрите светски ракометни репрезентации откако главниот град на Македонија е домаќин на 24. Светско првенство за јуниорки (У20).

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов вечерва ја имаше таа чест да го отвори шампионатот кој почна денеска.

„На сите им посакувам голем настан и многу среќа на Светското првенство во Скопје. Нека победи најдобриот тим“, рече Муакетов.

 

Се вчитува...