Претседателот на турскиот сојуз за пари инсистирал мечот во С. Арабија да се игра, цела земја сега против него и принуден да поднесе оставка (ВИДЕО)

По синоќешниот скандал со откажувањето на Супер-купот на Турција кој требаше да се игра во Ријад, се нижат новите скандалозни моменти поврзани со сите случувања во Саудиска Арабија.

Иако се обидело да се „заташка“ на момент, турските медиуми објавија дека човекот кој инсистирал да се игра натпреварот по секоја цена, па дури и без маците со ликот на Кемал Ататурк, бил првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Турција, Мехмет Бујукекси.

Откако сето тоа го дознаа навивачите, почнаа силни напади кон него на социјалните мрежи.

„Засрами се Мехмет Бујукекси, засрамете се сите во врвот на турскиот фудбал. Не пониживте пред светот. Не се враќајте во Турција. Бидете граѓани на Саудиска Арабија. Водете го нивниот фудбал“ – напиша на Твитер, спортскиот коментатор од Турција, Аднан Ајбаба.

Според тврдењата на дел од турските медиуми, Мехмет Бујукекси откако дознал дека во Турција сите ја знаат вистината дека поради договорените пари инсистирал да се игра овој меч се испаничил и добил срцев напад, па морала да интервенира и брзата помош во Ријад.

Набрзо се подобрила неговата состојба но доживеал нов шок кој му го приредил претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган кој лично побарал Мехмет Бујукекси да поднесе оставка на својата функција.

Недолго потоа, како што тврдат турските медиуми, Бујукекси и поднел оставка за што се чека само официјална потврда.

Се вчитува...