Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, вчера стана татко добивајќи ја ќерката Аја, токму пред репрезентативниот дуел со Белгија во квалификациите за Светското првенство.
Неговата сопруга се породи во Турција, Барди се израдува на својата ќеркичка а уште вчера веднаш се приклучи на националниот тим.
А, пред денешното заминување за Гент, каде што во петок ќе се одигра мечот со Белгија, Енис Барди беше изненаден и од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ кој со посебен подарок ја честиташе приновата во семејството Барди.
„Честитки Енис за најубавиот гол во животот, раѓањето на ќерката Аја!Бидете здрави и нека ве радува, Аја!“ – истакна Омерагиќ во честитката до Барди и неговата сопруга, на меѓусебната средбата на која присуствуваше и директорот на националните селекции, Горан Пандев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

