Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ имаше средба со претседателот на Турската фудбалска федерација Ибрахим Етем Хаџиосманоглу.
Македонија и Турција одиграа пријателски натпревар во Истанбул кој Турците го добија со 4-0, а овој меч беше повод и за средба меѓу двајцата претседатели.
„Одлична средба со мојот пријател, претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Етем Хаџиосманоглу и неговиот најблизок тим. Разменивме идеи за унапредување на соработката меѓу двете федерации и разговаравме за проекти што можат дополнително да не зближат. Благодарност за искреното гостопримство и пријателскиот пречек. На Турција и посакувам многу успеси во периодот што следи. Фудбалот создава пријателства што траат“, напиша Омерагиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
