Претседателот Пендаровски со честитка за фудбалерите – „Вие ја испишавте историјата на македонскиот фудбал“

Македонија слави откако вечерва фудбалската репрезентација го шокираше светот совладувајќи ја Италија со 0-1 во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар.

Честитки за играта на нашата репрезентација стигна и од претседателот на државата, Стево Пендаровски кој на фудбалерите им порача дека тие веќе испишаа историја на македонскиот фудбал.

„Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта на нашата македонска фудбалска репрезентација против силниот противник. На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате“, напиша Пендаровски. 

 

Се вчитува...