Претставени медалите за ЛОИ во Париз: Во секој ќе има 18 грама од Ајфеловата кула

Организаторите на Олимписките игри во Париз го открија изгледот на медалите што ќе ги добијат натпреварувачите за успесите во француската престолнина.

Медалите ги дизајнираше познатата златарница „Chomet“, а она што ги прави посебни е нивниот централен дел. Секој медал содржи 18 грама оригинално железо од Ајфеловата кула.

Точно 5.084 медали ќе има ова парче историја што се користело кога монументалната зграда била подигната во 1889 година и собрана при нејзиното реновирање.

Олимписките игри ќе започнат на 26. јули и ќе траат до 11. август.

Се вчитува...