Претставени засилувањата – Металург во ново лице ги чека Чеховски медведи

Со три нови имиња во составот, Металург в недела (17 ч) го пречекува Чеховски медведи во натпреварот од 6.коло од групната фаза во Лигата на шампионите. За преостанатите пет натпревари во групата Ц, македонскиот вицешампион ќе биде посилен на бековската позиција со  Словенците Александар Шпенде, Миха Пучник и Гонзало Рибеиро.

На денешната прес-конференција беа претставени новите засилувања, а тренарот Данило Брестовац, потенцираше дека сега во комплетен и засилен состав, Металург ќе покаже ново лице во претстојните натпревари во ЛШ.

„На последната прес-конференција реков дека едвај ја чекам паузата за да се консолидираме. Тоа и го направувме. Сега сме комплетни, личиме на екипа, имаме повеќе избор за ротација. Да, го загубивме Халил Јагањац, но направивме една добра работа во период кога тешко се наоѓаат квалитетни засилувања. Им благодарам на управата и на спонзорот кои ни овозможија да ги реализираме трите трансфери во овој краток период. Се надевам дека со овие три засилувања ќе бидеме многу поконкурентни. Се надевам дека сите тројца брзо ќе се прилагодат ќе влезат во нашиот систем на работа. Мислам дека од нивното присуство ќе прифитираме и ние како клуб и нашите млади играчи кои ќе може да учат во нивно присуствоќе се кренат на едно повисоко ниво“ – истакна Брестовац.

Тренерот на Металург најави дека „металурзи“ во ново издание ќе се покажат уште во недела и ја повика публиката да им даде поддршка.

„Ја повикувам публиката да дојде во што поголем број и да ни даде поддршка во недела. Се созадава еден друг, нов Металург, ова се први чекори и ќе продолжиме да одиме во една нагорна линија. И се надевам дека уште во недела на натпреварот ќе видите едно подруго лице на Металург“ – нагласи Данило Брестовац.

Се вчитува...