Прибак: Едно е сигурно, Турција нема да се предаде без борба

Немања Прибак дефинитивно е ракометарот што најдобро е запознаен со квалитетите на турската репрезентација, со оглед на фактот дека искусниот бек по заминувањето од Вардар се пресели во Бешикташ, клуб за кој се уште настапува.

„И самите Турци ми се јавуваат и ме прашуваат работи за македонската репрезентација, кој ќе игра, кој нема да биде тука… Јасно е, квалитативно ние сме напред и затоа сме големи фаворити. Тие доаѓаат без двајцата најдобри ракометари, тоа ќе биде речиси истата селекција што сосема солидно настапуваше на Медитеранските игри. Едно е сигурно, Турција нема да се предаде без борба, затоа мораме да бидеме внимателно и да не го потцениме противникот, туку да одиграме најдобро што знаеме и на теренот да ја потврдиме разликата во квалитет“ – изјави Прибак.

Македонските ракометари денеска тренираат во Скопје, по што утре ќе заминат за Битола. Мечот меѓу Македонија и Турција се игра в четврток со почеток во 20.15 часот.

Се вчитува...