Причините поради кои светот уште е опседнат со Мајкл Џордан

Еден од најголемите спортски наративи во изминатите два месеци беше приказната за Чикаго Булс прикажана во документарниот филм „Последниот Танц“ кој во перидот без спорт одлично им дојде на љубителите на спортот. Филмот ги прикажува Мајкл Џордан и „Булс“ во перидот на осумдесеттите и во деведесетите години од минатиот век и уште еднаш ги отвори дилемите за тоа зошто Мајкл Џордан е толку голем и влијателен и по 20 години од неговото повлекување од НБА лигата.

1. Првата од неколкуте причини дефинитивно е неговиот менталитет „да се победи без разлика на се“. Во филмот многу добро можеше да се види ова преку излегувањето на терен во ситуација која сите ја знаеа како „натпреварот со грип“, која сега излезе дека е наводно труење со храна или удирањето на Стив Кер на тренинг за да го мотивира. 

2.Брендот „Air Jordan“ кој изгради посебна култура на спортски обувки. „NIKE“ ја пушти во продажба линијата во 1985 година, само за една година продажбата беше над 100 милиони долари, патики и други производи. 

3.Мајкл Џордан влијаеше на цела генерација играчи. Најдобар сведок за тоа е Коби Брајант. Прерано починатата ѕвезда велеше дека пораснал гледајќи го Џордан и тоа тој му бил како постар брат.

4.Се повлече кога беше во пикот, а потоа се врати за да направи се од почеток. Во 1993 година по три титули со Чикаго, Џорадан реши да се повлече и да игра бејзбол. Но, тоа не траеше долго. Во 1995 се врати во Чикаго и го водеше тимот до нови шампионски прстени.

5.Тој е првиот спортист милијардер во светот. Во преддигиталната ера, огромната слава на Џордан е уште поинпресивна. Со тоа паралелно оди и богатството. „Форбс“ проценува дека тој „тежи“ 2.1 милијарди долари. Најголемиот дел од оваа сума е заработен надвор од кошарката.

6.Успехот на филмот „Space Jam“. Приказната од филмот е добро позната. Џордан ја предводи групата цртани ликови во борба со злобните вонземјани во кошаркарски натпревар.

7.Од денешната преспектива на Чикаго Булс се гледа како на моќна и успешна НБА династија, но вистината е дека тимот беше прилично медиокритетски без Мајкл Џордан. По неговото повлекување, клубот е далеку од шампионските височини. Виситната е дека Чикаго не освои титула ниту во перидот кога Џордан ја имаше „бејзбол авантурата“.

 

Се вчитува...