Прием во АМС на златниот Емил Павлов

Најдобриот каратист на Македонија Емил Павлов беше на прием во Агенцијата за млади и спорт по повод освојувањето на златниот медал на силната Премиер-лига во Салцбург, Австрија.

Тој во финалната борба  со 5-4 го совлада актуелниот светски шампион, Анџело Крешенцо. Павлов до победата стигна буквално со поен освоен во последната секунда и повторно како и на Европското првенство во 2019 година беше подобар од Италијанецот. Оваа победа беше голем поттик за уште поголема самодоверба пред Европското првенство и квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во Токио.

 

Се вчитува...