Прволигашот Струга ТЛ славеше висока победа од 3-1 против Охрид на пријателскиот натпревар одигран денеска.
Головите за победата на стружани ги постигнаа Диаките, Малески и Нухија.
Екипата на Башкими, по убедливиот пораз од Силекс на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, поразена и на денешниот пријателски натпревар од екипата на Камјани.
Камјани триумфираше со 1-0 на пријателскиот дуел во Куманово, благодарение на голот на Бесарт Реџепи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
