ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: „Лавовите“ подобри од Лабуништа, порази на Еуромилк ГЛ и Струга ТЛ…

Во пресметката на двата второлигаши од Западот, Македонија ЃП стигна до победа од 3-2 (2-2) против Лабуништа на денешниот пријателски натпревар кој се одигра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

И покрај тоа што Лабуништа имаше предност од 0-2 со двата гола на Клечкароски, сепак „лавовите“ дојдоа до комплетен пресврт со три погодоци за заслужена победа.

Следниот контролен дуел за Лабуништа е во среда (14. февруари) против Гостивар. Најново засилување за Лабуништа пред продолжението на првенството е 23-годишниот Бојан Спиркоски кој дојде од екипата на Брозани, Чешка.

ТРЕТОЛИГАШОТ КИТ-ГО ПОДОБАР ОД ВТОРОЛИГАШОТ ЕУРОМИЛК ГЛ (3-1)

Третолигашот Кит-Го од Пехчево во подготвителниот период успеа лесно да слави против уште еден второлигаш, овој пат победувајќи со 3-1 против Еуромилк ГЛ на тестот во Дојран.

По овој дуел, фудбалерите на Еуромилк ГЛ своите подготовките до стартот на пролетниот дел во Втората лига – Запад од утре ги продолжуваат во Охрид.

СТРУГА ТЛ ЗАГУБИ ОД СРПСКИОТ СУПЕРЛИГАШ ЈАВОР (1-3)

Второлигашот Струга Трим Лум загуби на пријателскиот натпревар во Охрид од српскиот суперлигаш Јавор Ивањица со 1-3.

Сите голови на средбата паднаа во првото полувреме. Јавор дојде до предност уште во 13. минута со голот на Марчиќ, во 21. минута на 0-2 зголеми Мркаиќ. Струга ТЛ намали преку погодокот на Таири во 23. минута, а конечните 1-3 ги постави Мркаиќ со својот втор гол а на асистенција на македонскиот младински репрезентативец Амановиќ.

Се вчитува...