ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Победа „торпедирана“ од Јавор, победи на Струга ТЛ и Беласица

Прилепска Победа доживеа уште еден убедлив пораз за време на зимските подготовки во Охрид, овој пат од српскиот прволигаш Јавор Ивањица со убедливи 1-4.

Противникот апсолутно доминираше на дуелот во Охрид на кој прилепчани единствениот гол го постигнаа со удар од белата точка.

СТРУГА ТРИМ ЛУМ УБЕДЛИВ СО ТИМОТ НА АКАДЕМИЈА ФФМ – ОХРИД

Струга Трим Лум, пак, со 4-1 славеше против екипата на Академија ФФМ – Охрид.

Во вториот контролен натпревар зимава стружани сосема заслужено дојдоа до победата со головите на Линор Исак, Наум Велјановски, Благојче Главевски и Нијаз Лена кој во моментов се подготвува со екипата, во очекување на трансфер.

БЕЛАСИЦА ПОДОБРА ОД ТИКВЕШ

Лидерот од Втората лига – Исток, струмичка Беласица славеше со 2-0 против Тиквеш на пријателскиот натпревар одигран во Дојран.

Струмичани до победата дојдоа со головите на Мирчевски и Костовски.

 

Се вчитува...