ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Победи за Осогово и за Кит-Го

Фудбалерите на Осогово во генералката пред стартот на пролетниот дел од Втората лига – Исток славеа против екипата на Детонит од Радовиш со 2-1.

Стрелци на головите за Осогово беа Драган Паунов и Владимир Жоглев. Тимот од Кочани со серијата засилувања во зимскиот преоден рок планира стабилен настап во пролетниот дел како мотив за далеку поголеми амбиции во следната второлигашка сезона.

КИТ-ГО ПОДОБАР ОД СРПСКИОТ ВТОРОЛИГАШ ТРАЈАЛ ОД КРУШЕВАЦ

Третолигашот од Пехчево, екипата на Кит-Го, пак, со нова победа ги заокружи подготовките пред продолжението од шампионатот.

На мечот кој се одигра во Дојран, Кит-Го славеше против лидерот во Втората лига на Србија, Трајал од Крушевац, победувајќи со 1-0. Стрелец на единствениот погодок за македонската екипа беше Бобан Мариќ, засилувањето кое во овој преоден рок пристигна од редовите на Гостивар.

Се вчитува...