ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Работнички убедлив со Кадино, реми на Вардар и Македонија ЃП, Воска испушти победа со Пелистер

Работнички со убедливи 5-0 славеше на пријателскиот натпревар против второлигашот Кадино.

Марио Станковски од пенал во 27. минута, како и во 42. минута, Дарбо во 52. и во 90. минута и Ристовски во 72. минута беа стрелци на головите за „романтичарите“.

Вардар имаше 2-0, па заврши со 2-2 против „лавовите“

Македонија ЃП и Вардар одиграа без победник на дуелот на игралиштетот на Алумина. Вардар поведе со голот од пенал на Дејан Блажевски, а на 2-0 зголеми Ристе Илијоски.

Но, во вториот дел со головите на Ивановски и Адем од пенал, Македонија ЃП дојде до конечните 2-2.

Без победник на мечот меѓу Воска Спорт и Пелистер

Со идентични 2-2 заврши и натпреварот меѓу Воска Спорт и Пелистер кој се одигра на стадионот Грашница во Охрид.

Пелистер поведе со голот на Сулејмани во второто полувреме, но Воска Спорт со головите на Благојче Истатов и Мергим Дани дојде до 2-1. Борче Маневски во последните секунди од средбата успеа да спречи победа на второлигашот за конечни 2-2.

Силекс ремизираше со Осогово (1-1)

Силекс одигра 1-1 на дуелот со второлигашот Осогово во Кратово. Арсим Љамалари беше стрелец за водство на кратовци, а гостите дојдоа до конечни 1-1 со автогол на домашните.

И Велешта и Струга Трим Лум одиграа без победник

На стадионот во Велешта, истоимениот второлигаш ремизираше (1-1) со прволигашот Струга Трим Лум.

Велешта поведе токму со голот на поранешниот фудбалер на Струга ТЛ, Арбен Тафа, но гостите израмнија со погодокот на Кадриу.

Се вчитува...