ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Шкендија поразена од Динамо, реми на „лавовите“ со Лапи

Македонските фудбалски претставници во Европа, продолжуваат со контролните мечеви. Денеска Шкендија и Македонија Ѓорче Петров ги одиграа своите мечеви во подготвителниот период.

Тетовци загубија од хрватскиот шампион Динамо Загреб со 3-0. Стрелци на головите за „модрите“ беа Дрмиќ во 16. минутa, Андриќ во 54. минута и Петковиќ во 81. минута. Аријан Адеми стартуваше на овој меч. За потсетување Динамо Загреб во второто коло од квалификациите во Лигата на шампионите го очекува македонскиот шампион Шкупи.

Македонија Ѓорче Петров одигра реми (1-1) против Лапи. Лапи поведе во 71. минута со 1-0, додека конечните 1-1 „лавовите“ ги поставија во 77. минута.

 

 

Се вчитува...