ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Скопје подобар од Борец, Струга поразена од Дрита…

Струга Трим Лум загуби од косовскиот прволигаш Дрита Гњилане со 0-1 на пријателскиот натпревар одигран во Струга.

Следниот контролен меч за второлигашот од Струга е на 3. февруари против екипата на Гостивар.

СКОПЈЕ ПОДОБАР ОД БОРЕЦ ВО ВЕЛЕС (0-2)

Прволигашот Скопје славеше со 0-2 на гостувањето против второлигашот Борец во Велес.

Скопјани триумфот го обезбедија со головите на Колеќевски од пенал во 43. минута и на Филип Петковски во 75. минута.

БЕЛАСИЦА ПОРАЗЕНА ОД БАНСКО (0-1)

Лидерот во Втората лига – Исток, екипата на Беласица загуби минимално со 0-1 на пријателскиот дуел против ФК Банско од Бугарија.

БРЕГАЛНИЦА РЕМИЗИРАШЕ СО КИТ ГО (1-1)

Брегалница, пак, на дуелот во Штип ремизираше (1-1) со Кит Го од Пехчево.

Стрелци на головите беа Мартин Стојанов за Кит Го во 40. минута од средбата, и Ристе Наумов во 44. минута за Брегалница.

Се вчитува...