Прилеп славеше над Пелистер 2 во дербито во плеј-аутот од Суперлигата

Ракометарите на Пелистер забележаа нова победа во плеј-аутот од домашниот шампионат откако вечерва во дербито славеа на домашен терен против Пелистер 2 со 29-26 во меч од 5. коло од плеј-аутот од Суперлигата.

Домаќините беа за нијанса подобар противник и во првото и во второто полувреме што беше доволно за конечен триумф од три гола разлика.

Димитар Димитриоски со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Славчо Шулевски постигна пет гола.

Се вчитува...