Страстите во Хајдук полека, но сигурно се смируваат откако Марко Ливаја се појави во тренинг центарот и го потпиша дисциплинскиот правилник, прифаќајќи ја казната што му беше изречена од тренерот Гарсија и од спортскиот директор Роберт Граф.
За потсетување, најдобриот фудбалер на сплитските „бели“ беше избркан од подготовките по конфликтот со Гарсија, откако Ливаја одбил да ги исполни дисциплинските мерки изречени од тренерот поради прекршување на клупската дисциплина.
Се пишуваше дека ќе следи и сигурно заминување, особено откако Ливаја вчера не се појави на продолжувањето на подготовките, но веќе денеска ситуацијата е помирна. Искусниот голгетер дојде, го потпиша дисциплинскиот правилник како што се бараше, а потоа и ја одработе казната на тренинг изречена пред неколку дена.
Останува да се види дали Ливаја ќе го предводи Хајдук на претстојниот европски дуел со Жилина од Словачка. Доколку тоа не биде случај, огромни се шансите овој голгетер летово сепак да си замине од „Пољуд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
