Примислав Димовски реизбран за претседател на Боксерската федерација

Примислав Димовски и во наредните четири години ќе го предводи македонскиот бокс. Тој едногласно ја доби довербата на делегатите на денешното Изборно Собрание на Боксерската федерација на Македонија и беше реизбран за претседател. На Собранието беа присутни 28 делегати. Фатон Салиху останува потпретседател, а во Управниот одбор ќе бидат  Фатон Асани, Самет Салиевски, Петре Неделковски и Душко Сачкарски, покрај Ден Дончев, Блажо Донев, и Горан Трајановски.

„Сакам да се заблагодарам за довербата, ќе се трудам сите заедно да го издигнеме боксот на едно повисоко ниво“, истакна Примислав Димовски по реизборот за прв човек на македонскиот бокс.

 

Се вчитува...