„Принцот на Рим“ влезе во кошарката и ќе биде дел од новиот проект во Рим

Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, донесе интересна одлука, се дистанцира од фудбалот и влезе во светот на кошарката, односно во новиот проект во главниот град на Италија.

Италијанските медиуми, пишуваат дека Тоти ќе биде дел од новоформираниот кошаркарски тим Рома Максима каде ќе биде советник на сопствениците, но и ќе биде задолжен за развој на базата на навивачи.

 

 

Одлуката на новите сопственици меѓу кои е и ѕвездата на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, е логична бидејќи прекарот на Тоти е „Принцот на Рим“, тој е симбол за лојалност бидејќи целата кариера ја помина во Рома и е омилен кај фановите на „римската волчица“.

Се вчитува...