Реал Мадрид и Барселона в сабота ќе ги одмерат силите во ново „Ел Класико“, овојпат во рамките од Примера Дивизион, но Шпанската Фудбалска Федерација беше принудена во последен момент да го промени судијата за оваа пресметка на големите ривали.
Не станува збор за „завера“, туку за здравствени проблеми на Алехандро Ернандез Ернандез, кој претходно беше избран за главен судија на саботното „Ел Класико“. Сепак, Ернандез Ернандез утрово ги известил челниците на „Ла Лига“ дека поради повреда нема да може да ја дели правдата на овој натпревар, по што одговорната улога му е доделена на Алберто Ундијано Малјенко.
Интересно, сезонава Барса нема победа на натпреварите што ги судел Малјенко, губејќи со 2-1 од Леганес и ремизирајќи 2-2 против Леганес. Овој арбитар беше задолжен на само еден натпревар оваа сезона на Реал Мадрид, при победата од 2-4 во Виго против Селта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА