Во акција која се спроведува на повеќе локации утрово, приведен е поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, пренесува „ПорталИкс“. По водство на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во содејство со МВР и Финансиската полиција, утрово се вршат претреси на повеќе локации.
Пријава против Ѓорѓиоски имаше во 2019 година и се товареше за „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ како тогашен претседател на ФФМ. Се сомничи дека прикажал лажни и невистинити пдатоци во завршната сметка, и не платил данок на добивка, со што ФФМ се стекнала со противправна имотна корист од 1.690.912 денари, за кој изност е оштетен буџетот на државата.
Заедно со него е приведена и Олгица Младеновска, задолжена за финансиии за време на неговиот мандат, како и уште десетина други лица, кои се сомничат за финансиски малверзации со кои бил оштетен буџетот на Куќата на фудбалот.
Пред извесен период приведен беше и неговиот наследник, Муамед Сејдини за проневера на 700.000 евра, донација од УЕФА аз изградба на трибина на стадионот во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
